Со проекција на филмот „Јас сум твојот човек“, добитник на Германската филмска награда за 2021 година, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворен годинашниот фестивал „Денови на германскиот филм“.

Фестивалот го организира Амбасадата на Германија во земјава, во соработка со Кинотека, Балканскиот центар за соработка „Лоја“ во Тетово и Куќата на Европа во Струмица и Крива Паланка.

Од утре до 18 октомври, на програмата се и филмовите: „Рабије Курназ против Џорџ В. Буш“, „Светот ќе биде поинаков“ и „A E И О У – Брзата азбука на љубовта“.

Деновите на германскиот филм е најавено вечер со поздравно обраќање да ги отвори амбасадорката на Германија, Анке Холштајн. Покрај во Скопје, проекции ќе има и во Тетово, Кавадарци, Штип, Струмица, Крива Паланка, Куманово Кратово.

Филмовите се на германски јазик, со превод на македонски и на албански. Влезот за проекциите во Кинотеката е 100 денари, а бесплатен во другите градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.