Вечерва, во Театарот за деца и младинци (ТДМ) свечено ќе биде затворено трето издание на Интаранционалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Поради објетивни причини нема да биде прикажана младонската претстава „Франкенштајн“ во продукција на ТДМ. Наградите ќе бидат доделени во 20 часот на сцената на ТДМ, информираа од Театарот.

Фестивалот беше отворен на први октомври, под мотото „Сѐ е твое“.

На свеченото отворање на фестивалот беше изведена претставата „Не ме чекај“ во изведба на Театарот „Снег на трепките“ од Нант, Франција, а следуваа претставите: „Тогаш кога се изгубивме“ на „Краљевачки театар“ од Краљево, Србија; „Палешка“ на куклениот театар од Љубљана, Словенија; „На гости кај Кате и Фреда“ на театар „Бабец“ од Битола; „Си беше еднаш еден лав“ во изведба на Детски театар на Република Српска, Бања Лука, БИХ; „Прадевојче“ на Национален театар „Тоша Јовановиќ“, Куклена сцена Зрењанин, Србија; „Светско шоу на ѕвездите“ на Кемал Фатих Полак, Караѓоз театар од Истанбул, Турција; „Дупка и копче“ на „Илоко театар“ од Рим, Италија; „По трагите на волкот“ на Младински театар, Нови Сад, Србија; „О, ла ла“ на Градски куклен театар, Риека, Хрватска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.