Во Лабораториум (булевар „Климент Охридски“ бр. 68) во Скопје на 16, 17, 18, 22 и 23 јануари од 15 до 19 часот ќе се одржи работилница за креативно пишување „Неименувана“ под менторство на Марија Бошковска, Ивана Смилевска, Дарко Алексовски.

Ако правиш пиши-бриши, кликаш и сликаш, пишуваш и си главна/главен со мимови во чет-групите, оваа работилница ќе ги прошири твоите знаења за новите дигитални комуникации, а воедно ќе те запознае со потеклото и варијантите на бајките кои се развивале и прилагодувале низ различни времиња и култури.

Дојди и откриј што е заедничко за Заспаната убавица и Цепенков, од каде потекнува Пепелашка, но и македонски хероини кои со својот пркос придонеле кон едукативен, ослободителен и емпатичен развој во локален контекст.

Низ петте денови на работилницата ќе буричкаме низ литературната светска и домашна историја, како и низ ќошињата на интернетот, барајќи ги сличностите и различностите на женското искуство преку фолклорните приказни и неименуваните автор(к)и на мимови и интернет содржини“, се вели во најавата.

На работилниците ќе гостува и менторка од Босна и Херцеговина – Хана Чурак, администраторката на феминистичката платформа „Sve su to vjeshtice.

Знаењата собрани на работилницата ќе ги сумираме во креативна пракса и авторски текстови, па дојди и раскажи ни го твоето ‘Си било еднаш…’.

Авторските текстови кои ќе ги пишуваме со заеднички сили ќе бидат извезени на текстуални инсталации во склоп на една активистичка акција атракцијa”, велат од Duma in summa.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.