По повод Светскиот ден на музеите, во Националната установа Музеј Куманово, во „Занаетчискиот дом“ ќе бидат промовирани монографиите „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“ како и книгите „АртМемориам“ и „Наива“.
Автор на овие дела е Гоце Божурски, историчар на уметност и сликар.
На промоцијата ќе се обратат и Дита Старова Ќерими, Маја Јакимовска Тошиќ, Роберт Алаѓозовски и Никола Гелевски. Делата коишто ќе бидат промовирани се објавени во период од 2019 – 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.