Серијата работилници за креативно пишување со Венко Андоновски, во организација на ТРИбина, завршуваат денеска со онлајн предавањето со наслов ГЛЕДНАТА ТОЧКА И КРЕАТИВНОСТА. Предавањето започнува во 18:00 часот.

Предавања:
– Гледна точка и фокализација: разлики
– Наративен глас соодветен на гледната точка
– Зошто еден ист настан изгледа различно од гледна точка на жртвата и од гледна точка на насилникот? Како наративниот глас на детето гледа на „сериозни настани“, а како гледа „возрасен раскажувач“
– Полифокално и полифонично набљудување на еден ист настан (игра со гледни точки).

Вежби:
– Раскажуваме една иста приказна од различни гледни точки: гледна точка на жртва, гледна точка на насилник, гледна точка на судија, гледна точка на осуденик, гледна точка на изневерен човек, гледна точка на неверна жена, гледна точка на дете, гледна точка на возрасен, гледна точка на патолошки лажго… Избирање соодветен наративен глас за секоја гледна точка.

Венко Андоновски (1964) еден од нашите најпознати писатели. Предавал, меѓу другото, и Теорија на прозата на Филолошкиот факултет и на Американ колеџ во Скопје, како и Корпоративно комуницирање и маркетинг на Меѓународниот универзитет UDG во Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.