Под мотото „Храбри нови зборови“/Brave new wor(l)ds“, вчера се отвори осмото издание на фестивалот на европската литература „Букстар“ во Скопје.

На годинашниот Фестивал гостуваат автори од Македонија, Исланд, Бугарија, Литванија, Хрватска, Романија, Италија и Словачка, кои ќе учествуваат во книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање и предавање.

Претходно беше објавено дека наградата Букстар за 2022 ја доби белоруската нобеловка Светлана Алексиевич за книгата „Војната нема женско лице“. Ќе бидат доделени и наградата за најактуелна книга меѓу две фестивалски изданија и нововостановената награда за најдобар превод „Драги“, во чест на Драги Михајловски.

Фестивалската програма ќе се одвива во МКЦ, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и во КСЦ „Центар – Јадро“.

Програма:

4 октомври

11 ч. – „Кога писател шета писатели“ (неформална тура на Васко Марковски низ Скопје)

15 ч. – Џебно кино, МКЦ: „Сторителинг: раскажи ја приказната за себе“

Креативна работилница со Кристина Гавран (Хрватска).

17 ч. – Џебно кино, МКЦ: Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Петар Денчев (Бугарија).

18 ч. – Џебно кино, МКЦ: Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Надја Теранова (Италија).

19 ч. – Кино „Фросина“: „Наградата за литература на Европската Унија: Националниот наспроти меѓународниот книжевен контекст“ – разговор со EUPL авторите Даина Ополскаите (Литванија), Петар Андоновски (Македонија), Владимир Јанковски (Македонија). Модератори: Билјана Црвенковска и Александар Маџаровски

20:00 – Кино „Фросина“: V+V=W“ – разговор со авторот Игор Штикс (Хрватска). Модератор: Јелена Лужина

21:00 – Кино „Фросина“: „Историјата како приказна, приказната како историја“. Разговор со авторите Кристина Гавран (Хрватска) и Богдан-Александару Станеску (Романија) Модератори: Билјана Црвенковска и Александар Маџаровски

5 октомври

12 ч. – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје – книжевно читање „Храбри нови зборови“ со сите странски и домашни учесници. Водител: Ана Голејшка Џикова

16 ч. – КСП Центар – Јадро: „Активистичка литература“. Предавање на Игор Штикс (Хрватска)

17 ч. – Џебно кино, МКЦ: поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Даина Ополскаите (Литванија).

18 ч.– Кино „Фросина“: Кино проекција на филмот „Петтиот брод“ (2017). Режија: Ивета Грофова.

19:30 – Кино „Фросина“: „Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“. Разговор со авторките Надја Теранова (Италија) и Моника Компаникова (Словачка) Модератори: Билјана Црвенковска и Александар Маџаровски

20:30 ч.– Кино „Фросина“: Претставување на наградата за најдобар превод „Драги“ – постхумно доделување на првото почесно признание на Драги Михајловски.

21 ч. – кино „Фросина“: завршна манифестација „Војната нема женско лице“ – награда „Букстар“ 2022. Разговор со авторката Светлана Алексиевич (Белорусија). Модератори: Андреј Јованчевски и Лидија Танушевска.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.