Денес се навршуваат 193 години од раѓањето на Григор С. Прличев – еден од најзначајните претставници на македонскиот книжевен XIX век. Неговото творештво го претставуваме и пред новите генерации странски македонисти, објави на својот фејсбук профил Семинарот за македонски јазик.
Најпознатото дело на Прличев, поемата „Сердарот“ (1860), заради која е наречен „втор Хомер“.
Драмска аудио изведба во продукција на Македонското радио (тогаш: Радио Скопје). Улогите ги толкуваат легендите на македонскиот театар: Илија Милчин, Нада Гешоска, Вукан Диневски, Милица Стојанова, Душко Костовски, Димитар Костов и Владимир Светиев.
Прличевата „Автобиографија“ (последното дело на Прличев, напишано во 1884/85 година), достапна и како аудио книга
Предговорот на основоположникот на современата македонска книжевна критика, Димитар Митрев, кон изданието на „Сердарот“ и „Автобиографија“ објавено во 1953 година, по повод 60-годишнината од упокојувањето на Прличев.
Уредник: великанот Ацо Шопов, во чијашто чест ќе биде Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ со која ќе започне чествувањето на 100-годишнината од неговото раѓање
„Учителот“ (1980) – биографски телевизиски филм за Прличев, по сценарио на Русомир Богдановски и во режија на Васил К. Ќортошев, со актерот Ацо Јовановски во улогата на Григор Прличев
Прличевата „Автобиографија“ како аудио книга е објавена од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид.
Дигитализираната верзија на предговорот на Димитар Митрев кон изданието на „Сердарот“ и „Автобиографија“ на Прличев објавено пред 70 години е дел од дигиталната библиотека на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.