Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“, продолжува со своето патување низ помалите градови на нашата зејмја кој под името „Џифони патува“, како подвижен фестивал и пристигнува во дваесет и петтата општина.

Денес и утре (5 и 6 јуни) фестивалот „Џифони патува“ се одржува  во Домот на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип и на него ќе учествуваат учениците од гимназијата.

Младите учесници во тек на двата дена ќе гледаат филмови кои ќе бидат проследени со дискусии за темите кои ги засегаат младите, а потоа ќе учествуваат на една од  трите понудени креативни работилници и ќе се забавуваат. Во Пробиштип учениците ќе ја поттикнуваат својата креативност преку работилницата за актерска игра водена од актерот Столе Мицов, ликовна работилница под менторство на Моника Мотеста, реномиран ликовен уметник или работилницата за фотографија, водена од професорот Роберт Јанкулоски.

Проектот „Џифони патува“ во Пробиштип е поддржан Центарот за современи уметности од Скопје и Општина Пробиштип, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.