Нов в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица од денеска е правникот Дејан Јанев, вработен во оваа установа.
Тој доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка, актерката Танкица Стојанова, која една година ја извршуваше функцијата.
Јанев е назначен за в.д. директор на „Антон Панов“ со одлука на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Тој времено ќе ја извршува оваа функција до изборот на директор откако ќе биде распишан јавен конкурс.
Инаку, Јанев е трет в.д. директор на оваа национала установа, откако во септември 2021 година Министерството за култура го именуваше Боби Ѓошиќ, а потоа и Танкица Стојанова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.