Школата за дизај, уметност и технологија „Скала“ на 14 октомври во пет изложбени простории во центарот за дизајн и иновации, „Јавна Соба“ ќе ја одржи најголемата студентска изложба „Децениум“.
Слоганот на изложбата е:
Затоа што 10 години го полниме креативниот простор, поставуваме нови стандарди во образованието и ја поддржуваме креативната заедница.
На завршната изложба ќе бидат прикажани делата на студентите од Академиите за графички дизајн, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн, визуелни уметности (мултимедија) и веб дизајн (UX/UI+).
Публиката ќе има можност да погледне повеќе од 500 дела на 70 студенти од генерацијата 2021/2022 и тоа: фотографии, илустрации, филмови, графички дизајн решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, како и работни процеси, технички цртежи, скици и сл.
Ова е навистина посебен ден за нас кој ни носи спомени и резултати од една прекрасна дванаесет месечна дружба со студентите и менторите, но и радост и возбуда за новите почетоци на генерацијата 2022/2023 чија настава ќе започне на 17. октомври. Уписите за новата академска година се во тек, интересот и довербата за нашите академии се големи, па засега преостанати се уште мал број на слободни места. Непосредно пред самата изложба ќе бидат доделени и дипломите, како и признанија и награди за најуспешните студенти од генерацијата. Едноставно, спој на две генерации, голем број на посетители и многу креативна енергија на едно место!, велат од Скала.
Изложбата е поддржана од Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.