„Дали си маж“, краткиот филм на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески вечерва премиерно ќе биде прикажан во Грција, на престижниот Филмски фестивал во Солун. Филмот е во конкуренција за награда за најдобар краток филм.
Филмот е според сценарио на Ставрески, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер е Мартин Иванов. Во филмот играат: Данило Ивановски, Душица Настова, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Лила Милиќ, Александар Микиќ и други.
Ѓорче Ставрески е наградуван режисер, сценарист, продуцент. Дипломираше на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Неговиот дебитантски игран филм „Исцелител“ имаше повеќе од 90 фестивалски селекции, беше прикажан и на HBO Europe и беше наш кандидат за „Оскар“ за 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.