Од 13-ти до 18-ти ноември, во Киното Браќа Манаки ќе може да се проследи битолската премиера на историската драма, копродукцијата меѓу Србија, Словенија, Македонија и Црна Гора, во режија Драган Бјелогрлиќ: Чуварите на формулата.
Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани, па предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.
Играат: Алексис Маненти, Радивоје Буквиќ, Лионел Абелански, Жереми Лаер, Оливије Бартелеми, Алиса Радаковиќ, Ан Сера, Огњен Миќовиќ, Јован Јовановиќ, Жан-Луи Кулок, Седрик Апието, Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ
Продукциски куќи: Кобра филм и Тон филм во соработка со Јунајтед Медиа, Перфо Продукција, Скопје Филм Студио, Битер Фрејмс. Филмот е реализиран со поддршка од Агенција за филм на Македонија, Филмски Центар Србија, Филмски Центар Црна Гора, Креативна Европа МЕДИА и Еуримаж.
13 – 18 ноември 2023
Почеток 20:00 часот
Влезница: 200 мкд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.