Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар Скопје вечерва се затвора 25. Интернационален Фестивал на монодрама Битола 2024.

Претставата е посветена на наградените и на театарската публика што две и пол децении го следи фестивалот кој годинава се реализира под слоганот „Слободата живее тука“.

Свечено затворање, доделувањето на наградите и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар Скопје ќе се одржи во салата на НУ Народен Театар Битола со почеток во 19 часот.

„Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска. Асистент на режија е Димче Николовски, драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски.

Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фриранинг техниката е на Симон Симоновски.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.