В сабота, 6 јули, со почеток во 20:00 часот на платото пред Градски музеј Крива Паланка ќе се одржи поетско-музичкиот перформанс „Читаме музика“, на кој ќе настапат Владимир Мартиновски, Перица Сарџоски, Николина Андова Шопова, Јулијана Величковска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.

Настанот е дел од програмата на „КРИВА ПАЛАНКА ‒ ГРАД НА КУЛТУРАТА 2024 Г.“ во организација на Општина Крива Паланка во соработка со издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.