Втора година со ред НУ- Библиотека  ,,Григор Прличев“ од Охрид го спроведе Проектот: „Читаме гласно и раскажуваме“ одобрен од Министерството за култура и е дел од Годишна програма за работа на установата.

Се работеше со деца од второ одделение  кои според наставната програма веќе  ја имаат совладано азбуката и од нив се бараше да научат добро да читаат, да  прераскажуваат обработени и самостојно прочитани текстови, да раскажуваат вистински и измислени настани и доживувања.

Целта беше да се работи со деца кои имаат тешкотии во читањето и да им го олесниме патот до стекнување поголеми знаења.

Носител на проектот беше библиотекарката Бети Лазеска – Симоноска а соработнички – библиотекарките Христина Трпеска и Весна Симоноска.

Утре – петок од 12.00 часот во Библиотеката ќе се одржи завршниот настан од Проектот.

На децата – учесници од ООУ „Братство – Единство“, „Св. Климент Охридски“, „Христо Узунов“, „Григор Прличев“ и „Кочо Рацин“ ќе им бидат доделени дипломи а познатата писателка и издавач Вера М Самарјанин од Битола ќе им врачи сликовници. Покрај сликовниците ќе биде промовиран и најновиот зборник „Песнопојност“ од Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто. Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.