Годинашното издание на „Недела на дизајн во Скопје“ ќе се одржи од шести до 10 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, „Мала Станица“ и книжарницата на „Литература“ во Дајмнонд мол, најави организаторот.

„Чиста мобилност“ е темата на ова издание, а се најавува изложбен дел за компании, викенд „pop up market”, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца, како и програма во живо каде акцентот е на музиката.

Целта на овој Фестивал кој го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни продукт решенија, но овој пат со предзнакот еко и циркуларна економија. Покрај стандардните повици за изложбен дел и “pop up market”, ќе има и трет повик овој пат целосно насочен кон велосипедизмот во Скопје и сите аспекти на решенија за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

Оваа година “Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации “Next gen Deisgn” за дизајн во друштво на “Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Barcelona Design Week” и “Designaustria”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под европскиот проект “Next Gen Design”.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.