Во годината на големите јубилеи на великаните: 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и во годината кога Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје прославува голем јубилеј – 75 години од основањето, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, при УКИМ во Скопје, ја организира Четвртата зимска школа, која ќе се одржува од 22 до 26 јануари годинава (на далечина).
Програмата, покрај лекторските вежби, ќе има и предавања и преведувачка работилница, како и средби со писатели и со млад талент. Семинаристите ќе работат во две секции: јазична и литературно-културолошка (со преведувачка работилница). Програмата предвидува и средби со познати писатели, како академик Влада Урошевиќ, Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, и со младиот талент Македон Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.