Овогодишната Четиринаесетта македонска книжевна визита во Софија ќе се одржи во деновите 11, 12 и 13 мај. За првите два дена издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со КИЦ на Република Македонија во Софија, имаат подготвено богата културна програма со бројни писателски имиња. Македонските писатели, предводени од претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, ќе се сретнат со своите бугарски колеги, предводени од претседателот на Сојузот на бугарските писатели, ќе остварат контакти, ќе разменат искуства и ќе ја споделат меѓусебно својата уметност пред публиката во КИЦ на Република Македонија во Софија.
Во рамките на програмска концепција на Четиринаесеттата македонска книжевна визита во Софија ќе се одржат програмските содржини: Книжевен портрет на Владимир Мартиновски, Доделување на традиционалната Награда „Македонски книжевен Дедал“ на истакнат бугарски писател и преведувач кој придонесол за афирмацијата на македонската литература во Бугарија, Омаж за Љубомир Левчев – добитник на Златниот венец на Струшките Вечери на Поезијата, Заедничката вечер на македонската и бугарската поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји (учествуваат: Анжела Димчева, Бранко Цветкоски, Димитар Милов, Димитар Башевски, Николај Шопов, Владимир Мартиновски, Роза Бојанова, Димитар Христов, Кристина Николовска, Иван Есенски, Виолета Танчева – Златева, Атанас Звездинов, Зоран Јакимовски, Маја Панајотова, Петар Андасаров, Јовица Тасевски – Етернијан, Надја Попова, Лидија Размоска Тримовска, Владимир Левчев и Атанас Капралов ). На третиот ден е предвидена посетата на спомен-куќата на Христо Смирненски во Софија.
Во изминатите тринаесет години во организација „Макавеј“ и КИЦ на Република Македонија во Софија беа одржани успешни изданија на Македонската книжевна визита на која учествуваа осумдесетина македонски поети, научници, писатели и публицисти (меѓу кои и ак. Матеја Матевски, ак. Гане Тодоровски, ак. Ташко Георгиевски, ак. Луан Старова, ак. Али Алиу, ак. Митко Маџунков, Мето Јовановски, Драги Михајловски, ак. Ристо Василевски, ак. Катица Ќулавкова, Д-р Илија Велев, Д-р Ангелина Бановиќ – Марковска, Д-р Блаже Китанов, Трајан Петровски, Ристо Јачев, Иван Чаповски, Санде Стојчевски, Веле Смилевски, Милован Стефановски, Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Гордана Михаилова – Бошнакоска, Кристина Николовска, Паскал Гилевски, Вера Чејковска, Славе Ѓорѓо Димоски, Борче Панов, Кире Неделкоски, Јовица Тасевски – Етернијан, Жарко Кујунџиски, Иван Антоновски, Трајче Кацаров, Игор Исаковски, Марта Марковска, Владимир Илиевски, Марина Мијаковска, Душко Крстевски, Наташа Сарџоска, Митко Гогов и други) како и редица врвни бугарски писатели, есеисти, преведувачи и публицисти. Досегашните изданија на оваа книжевна манифестациja за афирмација на македонската литература во престолнината на Бугарија беа извонредно позитивно примени и во бугарските и во македонските литературни кругови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.