Во рамките на јубилејното 20-то издание на Танц Фест Скопје 2024, вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе може да погледнете три танцови перформански, продукции на Скопје танцовиот театар 2 со студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев.

„Болеро“ е во кореографија и режија на Адријана Данчевска Ровчанин, на музика на Морис Равел, за која сценографијата ја осмислија Ивана Мојсовска и Матеа Мијановиќ. Настапуваат Елена Терзиева, Теона Ѓуровска, Михаела Колцунова, Надја Луканивска, Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Елена Стојкоска.

Потоа ќе биде изведена „Квартет“ – дипломска кореографија за студентите од трета година, во кореографија и режија на Дејан Битровски. Настапуваат дипломците Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова и Микаела-Анџела Глигорова.

– Студентите на трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 претстојуваа на престижната Ротердамска акдемија за современ танц, при КОДАРТС универзитетот во Холандија, каде што четири недели посетуваа настава и имаа прилика да го усовршуваат своето знаење, се вели во соопштението.

Вечерта завршува со „Котел“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, костими на Благој Мицевски, асистент на кореографот е Анастасија Данчевска. Настапуваат: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова, Илина Костовска, Теона Ѓуровска, Миа Петровиќ, Елена Стојковска, Михаела Колцункова, Сара Крковиќ и Марија Андеовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.