Добитникот на „Греми“, Алвин Јангблад Харт и триото на Роб Тоњони, заедно со домашните блузери „Ин д муд“ и Михаило Митов се годинешните ѕвезди на претстојниот „Котон блуз фестивал“, кој ќе се одржи на 28 ноември во „Лабораториум“.
Фестивалот секоја година има хуманитарна нота, па така минатата година заработката била донирана за да се купи мобилен ЕЕГ-апарат за КАРИЛ, а годинава парите од влезниците ќе бидат донирани за Детска онкологија.
Педијатарот Ѓорѓи Гого Паскалов, еден од основачите на фестивалот чие издание годинава ќе се одржи по петти пат, во интервју за Нова Македонија вели:
После неколку години се остваруваат контакти, кои го прават процесот полесен. Алвин Јангблад има гостувано во Скопје пред многу години, Роб Тоњони е за првпат. Сите досега што гостувале знаеле за земјава, мислам дека тоа се должи и на „Блуз и соул фестивалот“ што со децении ја ставаше Македонија на светската блуз-мапа.
Котон блуз фестивал се одржува благодарение на самофинасирање, а заработените пари се донирани во хуманитарни цели. На ова Паскалов вели:
– Не се самофинансираме од старт, првите години имавме поддршка и од Министерство за култура и од градот Скопје. Ги донираме средствата зашто сме ентузијасти што само сакаат да ја одржуваат блуз-културата, донаците главно оделе по болници. За жал, со годините станува сѐ потешко да се одржи интернационален фестивал. Секако, благодарни сме им на сите досега за поддршката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.