Во Europe House Veles, вечерва, со почеток во 19 часот ќе се одржи настанот „Блесок пред мугри-115 години Рациново наследство“, со кој се одбележува 115 годишнината од раѓањето на македонскиот поет и икона на македонската културата-Кочо Рацин.
Настанот се состои од низа активности, кои ќе кулминираат со уникатен аудио-визуелен поетски перформанс, кој е главна активност на реномираното дуо Aspirin Moon и „Teатар сенки и облаци“ и кој ја сoeдинува поезијата со динамични визуелни и аудитивни елементи, со што се додава модерен и креативен момент на наследството на Кочо Рацин.
Настанот, организиран од Europe House Велес е прослава на трајното влијание на Рацин врз нашата култура и литература и е отворен за сите посетители, и нуди прекрасна можност да се навлезе во светот на поетскиот опус преку различни уметнички форми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.