Македонскиот оперски пејач, тенорот Благој Нацоски на 12 август одржа концерт, насловен „Ноти како мостови“ во Сан Квирино ди Порденоне, по негова иницијатива, а во чест на 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Италија.
На концертот настапија и сопранот Паола Кампоново, во пијано придружба на Алфредо Блесано, инаку и двајцата Италијанци.
Публиката имаше можност да го чуе македонскиот јазик преку стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, односно музиката на Тодор Скаловски, Благој Цанев, Трајко Прокопиев, Дарија Андовска, Дино Имери и Андреј Наунов, како и Свитата Македонија создадена од Алесандро Д’Агостини.
Магазинот за култура „Ла Платеа“, објави рецензија од концертот во која меѓудругото се вели:
Тенорот, многу активен на националната и меѓународната сцена, покажа уште еднаш глас со многу цврст центар, полн со бои и нијанси, сигурни високи тонови, многу долг воздух и моќен волумен, но пред се‘ покажа дека е чувствителен и префинет интерпретатор, способен да ги измеша со интензитет сензациите опишани во стиховите што ги отпеа, никогаш повнимателен кон музичката изведба, но сепак одлична, отколку кон интерпретативната.
Уметник во служба на уметноста. Редок дар во време на претерана самореференцијалност и во кое приоритетите премногу често се губат.
Во Сан Квирино беше предложена сложена програма, секако префинета, главно современа. Интересен експеримент: предлагање нешто непознато, или речиси непознато, во нов контекст, на необична публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.