Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе настапи на сцената на Народниот театар во Тирана каде за тамошната публика ќе биде изведена претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани.

Од НУ Народен театар-Битола информираат дека после повеќе од 30 години, тоа ќе биде прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, овој пат реализирано со поддршка на Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана.

Во преставата закажана за 10 мај ќе настапат актерите Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска- Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.

Во претставата на режисерот Кендрим Ријани, асистент на режија е Јован Ристовски, драматург Билјана Крајчевска, сценограф Валентин Светозарев, костимографија: Благој Мицевски, а композитор на музиката Тимор Доми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.