НУ. Народен театар Битола на 27.10 ќе учествува на Фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање , Србија , со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.
„Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки. Претставата во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип.
Во битолската претстава играат: Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.
Сандра Грибовска Илиевска оваа година ја доби наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69-то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, токму за улогите на малата сестра, Алиса, Снежана и Марика од претставата. Превод од српски и драматург: Билјана Крајчевска, сценограф: Валентин Светозарев, костимограф: Александра Пециќ – Младeновиќ, композитор: Димитар Андоновски, кореограф: Андреа Кулешевиќ, тон мајстор: Александар Димовски, светло мајстор: Игор Мицевски, видео проекции: Владимир Переловски, Филип Ошавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.