Најнова продукција на Народниот театар Битола „Вујко Вања“ од А.П.Чехов, во режија на Софија Ристевска Петрушева, ќе ја има својата премиера на 26 јануари, во 20 часот и прва реприза на 27 јануари, сабота, исто во 20 часот.
“Вујко Вања“ е претстава што многу детално ги разработува темите за изгубената среќа, срушените надежи, стравот од губењето на домот, стареењето, како и болното секојдневно психолошко преиспитување – дали нашите животи се среќни, дали живеевме онака како што сакаме, или без борба се предаваме на околностите што не заобиколуваат.
“Вујко Вања“ е претстава за страста, за губењето, за семејството и за разочарувањето, за општествената опресија и за животните избори, за староста, за тагата, но и за надежта, што константно не тера да одиме напред и упорно не стимулира одново и одново да продолжуваме да живееме!
Користени преводи се од А. Неверова – Христова, О. Павловиќ, Д. Биљановски,
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓорѓиевски Папаз
Композитор: Александар Талевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Шминка: Стефанија Стојчевска
Дизајн на тон и тон мајстор: Александар Димовски
Дизајн на светло и светло мајстор: Горан Петровски
ЛИЦА:
ВОЈНИЦКИ, ИВАН ПЕТРОВИЧ, ВУЈКО ВАЊА, син на Марија Василевна – ПЕТАР ГОРКО
СЕРЕБРЈАКОВ, АЛЕКСАНДАР ВЛАДИМИРОВИЧ, професор на универзитетот во пензија – АЛЕКСАНДАР ДИМИТРОВСКИ
ЕЛЕНА АНДРЕЕВНА, негова жена; на 27 години – ЈУЛИЈАНА МИРЧЕВСКА
СОФИЈА АЛЕКСАНДРОВНА (СОЊА), негова ќерка од првиот брак – КАТЕРИНА АНЕВСКА – ДРАНГОВСКА
ВОЈНИЦКА, МАРИЈА ВАСИЛЕВНА, вдовица на таен советник, мајка на првата жена на професорот – МАРИЈА СТЕФАНОВСКА
АСТРОВ, МИХАИЛ ЉВОВИЧ, лекар – НИКОЛА ПРОЈЧЕВСКИ
ТЕЛЕГИН, ИЉА ИЛИЧ, пропаднат спахија – ВАЛЕНТИН ДАМЧЕВСКИ
Дизајн на видео и рекламен материјал: Сашо Илковски, суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Мирко Лазаревски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.