Во двата последни денови од годинава во Офицерски дом во Битола можеше да се проследи мултимедијален спектакл кој ЗИМСКА ПРИКАЗНА го подготвуваше подолг период, како изненадување на сите кои ја сакаат магијата на празниците.
Инспирирани од „Снежната кралица” на големиот Ханс Христијан Андерсен еден врвен креативен тим воден од сценографот Валентин Светозарев, подготви неверојатно визуелно уживање за кое долго ќе се зборува и ќе биде круна на 8-те денови ЗИМСКА ПРИКАЗНА.
Вечерва ќе доживеете театар надвор од “црната театарска кутија”. Филмски амбиент на една од фасадите на офицерскиот дом, 3D мапинг по пример на светските метрополи за вакви празници, музиката компонирана специјално за овој проект, професионални актери, аматери актери, танчери и статисти, измешани со празничните мириси на цимет од новогодишните куќарки поставени околу сцената се само некои од посебностите на овој проект.
Целата програма овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.