Протоколот на српски и македонски јазик во присуство на колеги од двете Библиотеки и поканети гости од јавниот и културниот живот на Врање го потпишаа директорите Зоран Најдиќ и м-р Милчо Јованоски.

-Со овој протокол се потврдува трајната ориентација на охридската библиотека за воспоставување и ширење на соработката со библиотеки од регионот, рече во таа пригода директорот Јованоски.

Зоран Најдиќ, директорот на  библиотеката од Врање на свечениот чин рече: Со  овој документ се дефинирани партнерските односи со цел размена на искуства, поврзување на луѓето, библиотекарите, институциите и размена на книги и други материјали. И на овој начин покажуваме подготвеност да го збогатиме културниот дијалог.

Преку реализацијата на меѓународната соработка двете библиотеки ќе ги промовираат роднокрајните автори, националните култури и културно – историското наследство.

На тој начин ќе се засилат стручните и уметнички капацитети а ќе разменуваат искуства и во областа на дигитализацијата на книжниот фонд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.