Утре, (петок) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од14.00 часот ќе гостува библиотекар советник Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. Таа ќе одржи интерактивно предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“.
Драгана Типсаревиќ е библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево. Таа е добитник на сите престижни награди од областа на библиотечното работење во Р. Србија за имплементација и реализација на значајни библиотечни програми во државата и пошироко, какао и за реконструкција на зградата на Библиотеката од Краљево. За своите заслуги е носител на Националната награда во областа на библиотекарство во Р. Србија.
Предавањето е наменето првенствено за едукација на вкупниот библиотекарски кадар во нашата библиотека но ги поканивме да присуствуваат и сите библиотекари од училишните библиотеки, Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и ФТУ – Охрид , а предавањето е отворено и за сите заинтересирани, стои во соопштението од Библиотеката.
Од Библиотеката соопштуваат дека поради стручното предавање одделот за зајмување утре – петок 14 октомври ќе работи само од 8 и 30 до 14.00 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.