Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин, распишаа заеднички поетски конкурсот на тема: „Љубов“.
Творбите треба да содржат најмногу 24 реда, да бидат нашишани на македонски литературен јазик, да бидат лекторирани и да ги содржат основните податоци за авторите: име и презиме и место на живеење.
Конкурсот е отворен до 1 мај, годинава а творбите треба да се испратат на е-маил: [email protected]
Творбите од авторите кои нема да се придржуваат до пропишаната должина на песните и темата, нема да бидат разгледувани.
Комисија ќе направи селекција на творбите кои ќе влезат во стихозбирката. По издавањето на книгата, авторите ќе добијат по еден бесплатен примерок од книгата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.