Во рамки на фестивалот „РУТА“ вечерва на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде изведена претставата „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Претставата е во изведба на Београдско драмско позориште (БДП) и нејзината премиера беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП.

Претходно, во 11:00 часот ќе биде одржана прес-конференцијата на која ќе се обрати актерската екипа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.