Под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа”, вчера почна шестиот по ред, Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“. Овој камп се одржува во во Охрид, Белчишта и Црвена Вода, а денеска и во Пустец.

Тука ќе се зборува, ќе се  рецитира, ќе се читаат песни на македонски јазик. Во Пустец ќе бидат првите луѓе од Бугарија, Грција и Албанија, македонисти  кои работаат за македонското дело“, рече Веле Митаноски организатор на Балканскиот поетски камп, на свеченото отворање во училиштето „Ванчо Николески“, крај Охрид..

Учесниците, кои се млади поети од  Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, учествува во заедничката приредбата, со другарчињата од подрачното одделение во Косел кои ја изведоа творбата МИЦе од Николески.

Потоа, тие заедно положија цвеќе на вечното почивалиште на Николески во Охрид. Учесниците во Белчишта беа примени од градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачелски. Тука ја разгледаа и богатата галерија од Уметничката колонија Дебрца.

Во селото Црвена Вода ја посетија родната куќа на Ванчо Николески и Спомен собата во учичишната зграда.

Денеска кампот се сели во Мала Преспа- Албанија, кадешто живеат етнички Македонци. Учесниците ќе бидат гости на своите врсници, ученици во училиштето во Пустец.

Централниот прекуграничен настан е организиран во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, познат литературен деец  од Албанија, со македонско етничко потекло.

Во рамки на настанот младите поети ќе го посетат спомен обележјето на холандскиот писател А. Ден  Долард, а поетските работилници ќе ги води  поетот проф.д-р Христо Петрески.

Специјални гости на Кампот со првите луѓе и активисти од организациите кои се борат за правата на Македонците во соседните земји.

Павлос Васкопулос Филипов, од Лерин, Грција, вели декла расте интересот за изучување на македонскиот јазик во Грција. Иако грчката држава се уште официјално не дозволува школи на македонски јазик. Судскиот процес против првиот Центар за македонски јазик во Лерин се уште трае.

Македонците не потклекнуваат на притисоците, тие сакаат да го негуваат македонскиот јазик, култура и традиција, порачаа присутните на шестиот Балкански поетски камп „Ванчо Николески“ во Охрид.

„Тоа е електронска школа, интернет платформа за да можат било кој сака да учи македонски јазик. Некои што се свесни Македонци, свесни семејства се интересираат и ќе го прават тоа што им налага достоинството.  Многу млади учествуваат во културните манифестации и панаѓури во селата, играат и слушаат македонски песни, но треба и чекор напред“, вели Павле  Васкополус , член на претседателството на „Виножито“.

Притисоците врз Македонците во соседните земји не запираат, се чувствуваат и во Бугарија и во Албанија.

„Ние сме континуирано под притисок најмногу последните години од 2017 година, од кога се произнесе бугарско малцинство кое не постои и од тогаш тој притисок е поинтензивен најмногу во овие последни 2 -3 години. Сега Бугарија ја легитимира својата политика, успеа на пописот во Албанија да извади Бугари и да настапи уште пожестоко за да ги асимилира Македонците во Албанија“, вели Васил Стерјоски,  претседател на македонската партија во Албанија.

„Тоа се политички игри, јас лично избегнувам да зборувам затоа што има притисоци, не бркаат од работа, и внимаваме. Но мислам со моето присуство денес овде докажувам дека сум Македонец“, вели Јордан Белчев  од претседателството на  партијата ОМО Илинден Пирин.

Поезијата на Балканскиот поетски камп во Охрид  симболично  ги спои Егејот, Пиринот, Вардарот и Мала Преспа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.