Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 4 ноември 2023 со почеток во 20.00 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Климент Тодороски.
Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Ивана Коцевска, во улогата на Гудула ќе настапи Ангела Богатинова, Клод Фроло е Мирослав Митрашиновиќ, Квазимодо: Јан Кисилев.
Настапуваат балетските солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.