Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. Романтичниот балет во два чина е безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска.

Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Ношпал и Михајло Стојановски, а дизајнот на светло на Милчо Александров.

Во главните улоги веечерва ќе настапат Марија Кичевска-Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска и Игор Веланоски. Задутре во истиот термин улогите ќе ги толкуваат Мими Поп Алексова-Атанасовска, Франциско Хименез Руиз, Илијана Данилов и Бобан Ковачевски. Ќе настапат и солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.