Авторот на хитовите „Намасте“, „Икигаи“ и „Ичиго-ичие“ Франсеск Миралјес гостува во Скопје. Книжевната средба ќе се одржи на 15 ноември, во „Лабораториум“, со почеток од 19 часот.
Ве покануваме на дружба што ветува да ви открие многу за тајните на долговечноста кои Миралјес ги откри преку истражувачките патувања низ Истокот интервјуирајќи ги стогодишниците од Јапонија и Индија. По овој петок ќе се чувствувате како да се враќате од патување!
Ова е можност да го чуете и директно да се сретнете со еден од најчитаните странски автори во ТРИ. Запознајте се со овој литературен трагач по вистини и доближете се до својата, велат од ТРИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.