Театарот „Војдан Чернодрински” на 28 август со претставата „Аудиција” во режија на Владимир Милчин, ќе учествува на 11. издание на амбиенталниот театарски фестивал „Нови тврдина театар”, во Чортановци, Србија.
Сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимографија – на Марија Пупучевска. Улогите ги толкуваат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.
Преводот е на Сузана Киранџиска, а изборот на музиката на Ема Маркоска Милчин и Владимир Милчин.
Горчливата комедија „Аудиција“, напишана 2000 година зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Мајсторски напишаната пиеса е со динамичен развој на дејствието полно со пресврти. Битката за подобар живот ги дроби и изобличува ликовите кои се фрлени да пливаат во казан во кој нема да потонат само оние кои ќе се откажат од човечноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.