Исполнет е заветот на плодниот писател од Битола, Радован П. Цветковски (1931-2022) и целата негова архива и творечки опус е предаден од страна на неговиот внук во Државниот архив – Одделение Битола.

Ова е материјал од големо значење за нашиот Архив, што содржи книги, оригинални ракописи и аудио-снимки за културниот живот, народните приказни, преданија и за обичаите на населението во Битола и Демир Хисар и од други помали места, што ќе го средат наши архивисти и ќе се чува во нашето депо” – изјави раководителот на Државниот архив – Одделение Битола, Гоце Стојановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.