Издавачката куќа „Антолог“ ја објави интимната биографија за Тим Берглинг – Авичи, легендарниот диџеј што прерано го напушти овој свет.
„Тим – официјалната биографија на Авичи“ е дело на наградуваниот новинар Монс Мосесон, кој добива специјален пристап до белешките на Тим, а прави интервјуа и со неговото семејство, како и со неговите пријатели и колегите од музичкиот бизнис. Биографијата искрено ги претставува Тим и неговата животна потрага, не срамејќи се од тешкотиите со кои се соочувал.
Диџејот и продуцент Тим Берглинг, во цел свет познат под уметничкото име Авичи, експлодира на музичката сцена како огномет наспроти ноќно небо. Беше музички визионер, кој со своето чувство за мелодија успеа да го дефинира периодот кога шведската и европската хаус-музика го освојуваа светот.
Но Тим Берглинг исто така бил и интровертен и кревок млад човек, принуден пребрзо да порасне. По цела серија инциденти, кои резултираат со болнички престој, тој ја прекинува турнејата летото во 2016 година. Едвај две години подоцна, си го одзема животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.