Вчеравечер, во рамките на МОТ, на сцената на Албанскиот театар, публиката имаше можност да ја види најнаградуваната претстава во историјата на Новосадскиот театар, „Ујвидеки синхаз”- „Ана Каренина“ во режија Дејан Пројковски.

Пројковски синоќа уште еднаш покажа зошто е вброен во редот на најзначајните театарски режисери на денешницата, не само во Македонија, туку и во целиот регион.

Ремек делото на Толстој, можеби најпознатото од ерата на реализмот, оживеа на сцената маестрално одиграно од актерите: Атила Немет, Арпад Месарош, Золтан Сирмер, Џудит Ласло, Габор Понго, Бланка Диенеш, Агота Ференц, Роберт О Швар, Ливиа Банка, Терезија Фигура, Мартин Бохоки и др. а Ана Каренина ја игра Марта Береш.

Публиката ги награди со долг стоечки аплауз и овации секој од нив.

Грандиозната сценографија на претставата уште на самиот почеток укажува дека навистина е вложен голем туд и создаде очекувања кај публиката дека тричасовната претства ќе биде навистина една од оние големите и навистина беше така. Драматургијата е доследна на романот, а Пројоковски го издвоил круцијалните сцени, режирајќи ја филмски: бргу се менуваат сцените, а костимите и музиката покрај класичните имаат и современи елементи. За ова заслуга имаат кореографот Олга Панго, Горан Трајкоски, кој е задолжен за муазиката, костимите се на Марија Пупучевска, а сценографијата на Валентин Светозарев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.