Во Албанскиот театар во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, во рамките на 49. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, ќе имате можност да ја погледнете театарската претстава “Ана Каренина”, која е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадското народно позориште “Ујвидеки синхаз”, која истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешницата, не само во Македонија, туку и во целиот регион.

Пројковски за ова епохално дело на руската и светска литература, вели: “„Нашата Ана Каренина е една жена – всушност не е важно дали е жена или маж – еден човек што сака да биде среќен. Низ нејзиниот лик отвораме бројни врати и се занимаваме со тоа што всушност значи љубовта, колку човекот е спремен на жртва, колку е спремен да се победи себеси, своите стравови, за да ја пронајде смислата на своето постоење. Во тој случај Ана Каренина во нашата претстава е еден сложен систем; и таа, но и сите останати ликови – Каренин, Вронски, Левин, Кити – имаат некоја своја приказна, една борба. Така што оваа претстава покажува дека црното никогаш не е до крај црно, белото никогаш не до крај бело, дека всушност има многу нијанси внатре и дека всушност тоа е нашиот живот.“

Ана Каренина во режија на Дејан Пројковски се закити со 22 награди само во изминатите две години.

Играат:
Марта Береш, Атила Немет, Арпад Месарош, Золтан Ширмер, Јудит Ласло, Габор Понго, Дедовић Томиќ Дина, Агота Ференц, Роберт Ожвар, Ливиа Банка, Терезиа Фигура, Адам Баји

Соработник на режија: Атила Клинче
Кореографија: Олга Панга
Музика: Горан Трајкоски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Асистент на режија: Лехел Шолтиш
Асистент на кореографија: Вики Динева
Дизајн на постер: Сергеј Светозарев
Светло: Стефан Милошевиќ
Тон: Вукашин Војводиќ
Инспициент, суфлер: Александра Биро, Чила Ловаш
Фотографија: Срѓан Дорошки

времетраење:
170 мин.

јазик:
Унгарски
* со превод на македонски јазик

Билетите по цена од 600 денари можете да ги набавите на www.bileti.mkc.mk

„Во љубовта нема повеќе или помалку“

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.