Американската „Забрзување и вознесувања“ на танцовата компанија Далас Блек ќе настапи вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 19. издание на Танц Фест 2023.

Гостувањето е со поддршка на Американската амбасада во Скопје.

Публиката ќе има можност да проследи пет извонредни кореографии: „Распарчување“ на Грегори Долбашиан, „Танц на срцето“ на Mи’Кал Стромил и „Како вода“, „Патот до еден“ и Погубување на чувството“ на Дарел Гранд Мултри во изведба на дванаесет спектакуларни танчери на компанијата.

Танцовата компанија Далас Блек е основана во 1976 година од Ен Вилијамс, со цел да создаде и произведе современ танц на највисоко уметничко ниво, преку претстави и едукативни програми кои ги премостуваат културите и допираат до различни заедници. Како најголема и најстара постојано оперативна професионална танцова компанија во Далас, ДБДТ е една од најзначајните афро-американска танцови компании во САД. Под раководство на уметничката директорка Мелиса М. Јанг, современата компанија изведува мешан репертоар на модерни, балетски, џез и етнички дела од национално и меѓународно познати кореографи.

фото: Скопје Танц Фест

Во рамки на вечерта, пред настапот на компанијата, ќе биде изведена кратката кореографија „Предност“ која е производ на работилниците кои се одржаа во соработка на ДБДТ и Скопје танцовиот театар, со поддршка на Американската амбасада во Скопје. Работилниците под наслов „Dance communication“ ги одржа Сиера Ноел Џонс (ДБДТ) и асистентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Стефанија Милевска Враниќ и Емилија Достинова.

Во работилниците учествуваат ученици од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ во класа на професорките Елена Антонова Петровиќ и Александра Кочовска Начева: Мила Ангелова, Екатерина Георгиева, Дора Пајдакова, Русанка Иваноска, Моника Ѓеоргиева, Лука Ѓеоргиевски, Јана Ѓоршова, Давор Милев, Теона Голчева; од Анастасија центар: Сања Лазаровска, Екатерина Мицевска, Надалина Талевска, Дејана Магденовска; од Танцовиот клуб Аква: Елена Тезиева, Ивона Маневска, Ивана Стратова, Анѓела Николовска, Вања Секуловска, Теона Димкова, Матеа Николовска, Ања Стојаноска, Џаст Даниелс и од Битркис културно уметнички центар: Надја Илијевски, Ивана Петровска, Теодора Атанасовска, Тамара Атансовска.

Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.