Даикаију (Daikaiju) се мистериозна појава на звук и слики за прв пат забележани зимата 1999 година. Како бурни претставници на звучниот хаос, Daikaiju се инспирираат од звукот на брановите кои удираат и создаваат музика на начин што влева шок и стравопочит кај сите кои ги искусуваат нивните настапи во живо. Концертот ќе се одржи вечерва во салата 25 Мај во МКЦ. Вечерта ја отвара новото скопско експлозивно трио „Ниандра“.

Високо интерактивна и конфронтирачка изведба која буквално ја вовлекува публиката во огромниот вител на звук што го генерираат.

Скриени зад маски, оваа трупа од мистериозни луѓе создава мутиран стил на епски, инструментален рок со висока енергија, кој беспрекорно вклучува широк спектар на музички стилови, вклучувајќи сурф, панк, нојз, метал, психоделичен и прогресивен рок.

Како и нејзиниот имењак, музиката на Даикаију е голем, мистериозен ѕвер.

Привлечните мелодии, силните рифови и променливата динамика се спојуваат заедно за да создадат песни кои го охрабруваат слушателот да ја доживее тајната историја на универзумот – фантастична реалност на џиновски чудовишта, супер луѓе и вонземски инвазии.

Билети по цена од 300 денари достапни на Билетарницата на МКЦ и онлајн на – https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1244

На врата цена на билет изнесува 400 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.