НУ Завод и Музеј – Охрид бeше домаќин на посетата на нејзината екселенција, Г-ѓа Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Македонија.

За време на средбата, амбасадорката беше запознаена со историјата и со богатото културно наследство од Охридскиот регион и ги посети Галеријата на икони, средновековните цркви Св. Богородица Перивлептос и Св. Софија, како и богатата археолошка и етнолошка поставка во Музејот во Куќата на Робевци, информираат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.