Во Европска куќа во Скопје денеска, со почеток во 17 часот, ќе се одржи презентација на водичот „Македонија: природа, планинарство и култура“ од авторот Алесио Ликуори, кој до неодамна беше заменик амбасадор на Италија во Македонија.

Презентацијата се одвива во рамки на Неделата на италијанскиот јазик во светот, која оваа година е посветена на одржливоста.

Како што информираат од Италијанската амбасада во Скопје, презентацијата ќе се одржи во присуство на авторот Алесио Ликуори и издавачот Алберто Ости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.