Актерот Жарко Спасовски е нов в.д. директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес. Тој е именуван од министерот за култура и туризам Зоран Љутков со шестмесечен мандат.
Во изминатите четири години функцијата директор на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја извршуваше драматургот Сашо Димоски.
Жарко Спасовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во 2013 година, во класата на професор Владимир Милчин. Професионалниот ангажман, токму во Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, му почнува истата година, веднаш по дипломирањето.
Спасовски досега играл во околу 40 претстави во матичниот театар, а има ангажмани и во други македонски театри во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.