За в. д. директор на Народниот театар во Битола е назначен Васко Мавровски, актер кој подолго време е член на ансамблот, а има одигранo поголем број улоги. Мавровски  доаѓа на местото на досегашниот директор и актер Иван Јерчиќ кој во изминатите 7 години го водеше Театарот во Битола.

Мавровски претходно беше и портпарол на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Доаѓа на чело на установата кога пред неа на 14 ноември  престои голем јубилеј, 80 години постење.

Под негово водство е и Интернационален детски фестивал „Битолино“ во Битола, чиј организатор е  Театарот „Петар Стојковски-Бабец“ од Битола, основан од Мавровски и неговата сопруга Јулијана Мирчевска, која исто така е актерка во Народниот театар во Битола. Овој театар за деца го носи името на бардот на битолското глумиште Бабецот кој беше дедо на Мавровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.