Репликата напишана пред многу години звучи автентично како да е кажана денес, истакна Илина Чоревска на прес конференција во Битола во пресрет на фестивалот посветен на Шекспир кој викендов ќе биде отворен со претставата „Макбет“ , компилациски проект на повеќе театри, во режија на Никита Миливојевиќ.
Фестивалот годинава ќе се одвива во два дела, односно од 23 до 29 јуни ќе има театарски претстави, работилница за деца и концерт на светската музчка ѕвезда Марија Жуао од Португалија.
Вториот дел од фестивалот ќе се одржи во октомври кога ќе бидат изведени претставите „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец, продукција на „Војдан Черондрински“-Прилеп и претставата „Денот на убиствата во историјата на Хамлет“, во режија на Марјан Неќак, продукција на НУ Народен театар-Битола. Претставите ќе се одиграат наесен, потврди Иван Јерчиќ, директор на битолскиот театар.
Програмата на 9. издание на „Битола Шекспир фестивал“ ќе биде изведена на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, новата сцена на НТБ и во мала сала на НУ Центар за култура-Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.