Во Кинотеката на Македонија денеска ќе се одржи 8-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографскиот филм ЕТНОФФ, на кој ќе бидат прикажани 14 етнографски филмови.

На овој фестивал ќе можат да се видат филмови кои зборуваат за „Хималајското злато“, печурка која вирее и се бере во најодалечените Непалски Хималаи, зошто близнаците се симбол за несреќа во Мадагаскар и која е општествената „казна“ за тоа, приказ на занаетчиството преку рацете и работата на повозразен пар на хрватските острови, но и домашни, локални приказни преточени во визуелен приказ.

Фестивалскиот ден ќе биде поделен на два филмски блока, едниот со почеток во 12 часот, а другиот со почеток во 16:30 часот. По завршување на проекциите со почеток од 20:30 часот фестивалот ќе биде затворен со музичка програма со настап на групата Чалгии Мерак. Влезот на фестивалот е бесплатен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.