Националната установа Народен театар – Битола денеска го одбележува 14 ноември, денот кога во 1944 година, веднаш по ослободувањето на градот, е формиран првиот македонски народен театар.
Први членови и основачи на театарот биле Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Јорго Цаца, Вера Вучкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Беко кои ја одиграле претставата „Ѓоре Магарески“.
Во изминатите 79 години на сцената на битолскиот театар во стариот грандиозен архитектонски објект кој беше срушен во 1980 година, како и на сцените во новиот објект одиграни се бројни претстави, овозможени се бројни гостувања на актери од државата и странство, а во витрините на театарот изложени се бројни награди, вклучувајќи го и најновото признание, наградата „4 Ноември“ на Општина Битола.
Годишнината од формирањето на НУ Народен театар – Битола ќе биде одбележана вечер со музичко-сценски перформанс „Парови“ во кој ќе настапи цел ансамбл.
„Парови“ е тема на музичко сценскиот перформанс или таа вечна тема која се провлекува од постоењето на светот, до денес. Пар, означува две суштества заедно, двојност.
Науката тврди дека може да се разликуваат четири видови на парови, односно драматични, конфликтни. Совијално ангажирани и занесени еден во друг партнери.
Роденденското славје почнува во парен датум, во непарна година и во парен час (20 часот), за непарен 79-ти роденден, најавија од НУ Народен театар-Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.