На денешен ден, пред 78 години е прикажана првата целовечерна драмска претстава на сцената на Македонски народен театар (МНТ) формиран во 1945 година – „Платон Кречет“ од Александар Е. Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод на Блаже Конески.

Празник на македонскиот тетатар!

„Во свечената тишина прозвучи првата реплика на артистката Вера Вучкова: ’Колку е блиску сонцето’. Македонскиот јазик ја доби битката и на тетарската сцена“ – забележано е во сеќавањата на Илија Милчин.

Првата критика уште во почетокот има нагласено дека „денот на првата премиера во Македонскиот народен театар, денот на раѓањето на нашиот тетатар е важен датум, голем настан во културната историја на македонскиот народ. Со оваа значајна културна манифестација ние, Македонците, како нација им задаваме на сите наши непријатели еден удар на културното поле… …И кога веќе зборуеме за убавиот успех, што при тие условиа и возможности го постигна нашиот народен тетатар, тоа тогај преди сè треба да оддадеме признание на огромните напори и љубов што нашите млади артисти ја вложија во својата работа. Само по таков начин, излегуејќи пред нас за прв пат со оваа драма, тие упеаја наполно да дадат доста добар тетатар.“

Информации за ансамблот на МНТ во првата претстава на неговата сцена: https://mnt.mk/pretstavi…/arhiva/platon-krechet-03-04-1945

 

Секогаш, сонцето нека биде блиску до македонската тетарска сцена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.