60. Рацинови средби: ТВ серијата „Црвениот поет“ посветена на Кочо Рацин ќе биде прикажана на отворено

Култура 08.06.2023 / 11:39

ТВ-серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин и ќе биде прикажана во рамките на 60. Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни, откако беше соопштено дека Општина Велес ги обезбедила авторските права.

Прикажувањето на серијата ќе се одвива од понеделник до 14 јуни на отворено во вечерните часови.

Серијата е во продукција на „Сектор филм’“ сценариото е на Сашко Насев, режијата на Никола Поповски. Прикажувањето ќе биде во амфитеатарот во Младинскиот парк и е бесплатно и достапно за сите граѓани“, соопшти Александра Андреева, претставничка на локалната власт на Велес.

Серијата „Црвениот поет“ е снимена во 2016 година и досега не е емитувана на националните телевизии. Има 10 епизоди. Рацин го игра актерот Александар Ристоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis girişgrandpashabet güncel giriş